The Hunger Games: Mockingjay е најгледаниот филм во 2014 во САД

The Hunger Games: Mockingjay е најгледаниот филм во 2014 во САД

Речиси помина еден месец од Новата година, но битката за круната на бокс офисот во САД за 2014 година заврши сега. Финалните бројки пристигнаа и изгледа дека, втора година по ред, Катнис е победникот. Првиот дел на The Hunger Games: Mockingjay заработи 333.18 милиони долари на бокс офисот во САД и ја надмина заработката на Guardians of the Galaxy (333.17 милиони долари) со што и официјално стана најгледаниот филм во 2014 година.

Овој податок не е толку изненадувачки. Имајќи го во предвид фактот дека The Hunger Games: Catching Fire беше најгледниот филм во 2013 година, сите очекуваа Mockingjay да го повтори успехот оваа година. Интересно, во 2013 Catching Fire за првото место надмина исто така филм на Марвел (Iron Man 3).

Подолу е листата на 10-те најгледани филмови во САД во 2014 година:

1. The Hunger Games: Mockingjay – Part 1 – $333,180,638
2. Guardians of the Galaxy – $333,172,112
3. Captain America: The Winter Soldier – $259,766,572
4. The LEGO Movie – $257,760,692
5. The Hobbit: The Battle of the Five Armies – $246,448,344
6. Transformers: Age of Extinction – $245,439,076
7. Maleficent – $241,410,378
8. X-Men: Days of Future Past – $233,921,534
9. Big Hero 6 – $216,726,104
10. Dawn of the Planet of the Apes – $208,545,589

Објавено од admin на 23 January 2015, 09:09