The Lone Ranger и Pain & Gain од утре во Cineplexx

The Lone Ranger и Pain & Gain од утре во Cineplexx

На 4 јули, еден ден по неговата светска премиера, во киното Cineplexx ќе биде прикажан летниот блокбастер The Lone Ranger (Осамениот ренџер). Станува збор за новата соработка на режисерот Гор Вербински, продуцентот Џери Брукхејмер и супер-ѕвездата, глумецот Џони Деп, во која тие тројца на потполно нов начин ги оживуваат исконските ликови на Осамениот ренџер и неговиот партнер Тонто. Акциона авантура исполнета со хумор и вистинска филмска забава која креаторите на филмската франшиза Pirates of the Caribbean (Пирати од Карибите) ја создадоа за публиката ширум светот!

Истата вечер е закажана и премиерата на филмот базиран на вистинита приказна Pain & Gain (Со пот до пари). Филмот е под режисерската палка на Мајкл Беј, а главните улоги ги толкуваат Марк Волберг, Двејн Џонсон и Антони Меки. Базиран е на новинарската сторија на Пит Колинс објавена во неколку едиции на Мајами Њу Тајмс во 1999 година, каде се раскажува за неколку случаи на киднапирање, измачување и убиство на невини жртви, од страна на група на криминалци која ги вклучува и личните тренери од Sun Gym.

На репертоарот ќе се најде и психолошкиот трилер Side Effects (Нуспојави). Филмските критичари го оценуваат филмот на Стивен Содерберг како пост-модерен Хичкок трилер препишувајќи му ги сите 5 ѕвезди за одличната работа.

Објавено од admin на 3 July 2013, 12:54