Три нови филма во Cineplexx

Три нови филма во Cineplexx

Кино неделата ја започнуваме со три нови жанровски различни филма.

Хорор-трилерот со Џејсон Бејтман „Подарок“ не враќа во минатото и ни ги открива мрачните тајни на Сајмон. Животите на еден млад брачен пар се втурнати во бурен вител од настани кога еден поранешен познајник на мажот донесува загадочен подарок и се открива ужасна тајна по повеќе од дваесет години.

„Банда на девојки“ ни го портретира животот на една продлематична девојка.

Вик, девојче без некоја светла иднина се приклучува на банда и менувајќи се, се здобива со самодоверба. Сепак, таа наскоро увидува дека новиот живот нема да ја направи посреќна. Угнетувана од страна на семејството, училиштето кое не води никаде и владеењето на момчињата во соседството, Марием почнува нов живот по средбата со група на три девојки, со слободен дух. Таа го менува своето име, стилот на облекување и си оди од училиштето за да биде прифатена во бандата, надевајќи се дека тоа ќе биде пат до слободата.

За најмладите пристигнува анимираната авантура на „Муне: чуварот на месечината“.

Кога фаунот Mунe станува чувар на Месечината, тој не е воопшто свесен колку е неподготвен за искуството, кое вклучува несреќа која може да ги загрози и Месечината и Сонцето, како и еден корумпиран Титан кој се вика Некроси кој го сака сонцето за себе. Поради тоа урамнотеженоста на ноќта и денот се во голема опасност. Сега со помош на восочното дете Глим и воинот Сохон кои стануваат чувари на Сонцето, тие одат на возбудливо патување за да ги вратат Сонцето и Месечината на вистинското место на небото.

Објавено од admin на 13 August 2015, 12:29