Три нови премиери во Cineplexx

Три нови премиери во Cineplexx

ЗОНА ЗАМФИРОВА ВТОР ДЕЛ (премиера во 20.45ч)

Убавата Зона ја игра младата Бранкица Себастијановиќ, додека улогата на Манета припадна на Милан Васиќ. Поминаа 15 години откога беше екранизирана оваа голема љубовна сага. Сценаристите Ивана и Мирослав Митиќ напишаа приказна за тоа што се случува во бракот на заљубените две години по нивното венчавање. Дејствието во филмот се одвива повторно помеѓу 1905 и 1908 година, а преку самата приказна е прикажана љубовнта и проблмемите со кои се соочува младиот брачен пар.

ПРСТЕНИ

Џулија се загрижува за своето момче, Холт, кога тој ја истражува црната урбана легенда на мистериозната видеокасета, за која се вели дека ќе го убие гледачот седум дена од денот на гледањето. Таа се жртвува себеси за да го спаси нејзиниот дечко и со тоа пронаоѓа ужасно откритие: постои “филм во филмот” кој никој досега не го видел.

ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЗИД

Кога еден платеник (Мет Дејмон) ќе биде затворен во рамките на Големиот кинески ѕид, тој ја открива мистеријата позади едно од најголемите светски чуда. Како што оваа масивна структура е напаѓана од мистериозни ѕверови, неговата потрага по богатство се претвора во ново патување на хероизам кога тој се придружува на големата армија на елитни војници соочувајќи се со незамисливо голема сила.

Објавено од admin на 16 February 2017, 11:23