Три нови премиери во Cineplexx

Три нови премиери во Cineplexx

Студиото „Twentieth Century Fox“ ни го носи продолжението на „Планета на мајмуните- Револуција“ во чиј фокус е заедницата на генетски модификувани мајмуни, која ја предводи интелигентното шимпанзо Цезар. Десет години откако катастрофален вирус ја покосил човечката популација, грст преживеани луѓе се заканува да ги загрози. По краткотрајниот мир, двете страни ќе се најдат на работ на војна која ќе го одреди доминантниот вид на планетата.

Застрашувачкиот натприроден трилер „Избави нè од лукавиот“ снимен врз основа на вистинити случувања на њујоршкиот полицаец Ралф Сарчи овој четврток ни пристига во Cineplexx. Гледачите ќе имаат можност да го погледнат овој напнат хорор со Ерик Бана во главната улога во која полицаецот покрај борбата со сопствените проблеми, почнува да истражува серија на дегутантни и необјаснети злочини. Наскоро, ќе се здружи со неконвенционалниот свештеник (Едгар Рамирез), кој ги познава ритуалите на егзорцизам, и заеднички ќе се борат против застрашувачките демонски појави кои го тероризираат нивниот град.

За најмладите ни пристига новата анимирна авантура на добро познатите „Авиони: Небесни пожарникари“. Кога светски познатиот авион-тркач Дасти дознава дека неговиот мотор е оштетен и тој никогаш нема да може да се трка повторно, тој мора да смени брзина и да се префрли во светот на воздушна противпожарна единица. Дасти ги здружува силите со ветеранот Блејд ренџер, хеликоптер за гасење пожари и спасување и неговиот тим, еден куп теренски возила познати како Smokejumpers. Заедно, бестрашниот тим води битки со голем шумски пожар, а Дасти учи што е потребно за да стане вистински херој.

Објавено од admin на 16 July 2014, 12:31