Уште едно изненадување од македонското студио за анимација и видео игри

Уште едно изненадување од македонското студио за анимација и видео игри

Нешто интересно и на домашната сцена.

По два отпочнати ветувачки анимирани проекти, John Vardar vs. The Galaxy и Nincow, кои се „крчкаат“ во просториите на новотвореното студио за анимации влевајки надеж за иднината на македонското инвентивно авторство, сега неговата екипа креативци ни приреди ново пријатно предновогодишно изненадување.

LB_Icon_512x512_v2pink

Во среда, 30.12.2015 од 18 часот, во фоајето на Синеплекс салите во Сити Мол ќе се одржи предпремиерна промоција на новата видео игра на Линкс Студио, со наслов Луди Балони (Looney Balooney).

“Луди Балони е нашата втора видео игра, и многу сме задоволни од резултатот.” – изјави директорот на Линкс Студио, Марко Угарковиќ. “Се надеваме успешно да ја пласираме на меѓународниот пазар и да се стекнеме со нови фанови, посебно поради фактот што играта ќе биде бесплатна и како Андроид и како Ајфон апликација, а подоцна ќе биде достапна и на Фејсбук.”

“На почеток бев несигурен бидејќи ова е мој прв дизајн за игра, но сега сум исклучително среќен што играта испадна многу откачена и забавна. Сега влегуваме во последната фаза на тестирање, затоа сакаме да видиме каква ќе биде реакцијата и коментарите на публиката.” – вели Гоце Цветановски, дизајнер на играта, а кај нас попознат како филмски автор.

Клиентите на Сити Мол ќе имаат ексклузивна прилика први да ја испробаат играта и да дадат свои коментари и забелешки. Играта ќе биде лансирана во март 2016 и ќе биде достапна за мобилни телефони и таблети. За посетителите и учесниците во тестирањето ќе има и голем број изненадувања, како и подароци за најмалите.

Објавено од Мартин Чалакоски на 28 December 2015, 12:24