Утре четири премиери во кино Cineplexx

Утре четири премиери во кино Cineplexx

Почнувајќи од четврток на кино репертоарот на Cineplexx, љубителите на филмот ќе можат да ги погледнат следните филмски остварувања:

Филмот Silver Linings Playbook (Во добро и зло), добитникот на Оскар за најдобра актерка во женска улога. Приказна која филмските критичари ја оценуваат како еднакво забавна и трогателна во исто време, која говори за чудните навики на обичниот човек.
Животот не оди секогаш по планираното. Пет Солатано (Бредли Купер) изгубил се – куќа, работа и сопругата. Бидејќи 8 месеци поминал во државна институција, сега повторно живее со својата мајка (Џеи Вивер) и татко (Роберт Де Ниро) и е одлучен да го изгради животот повторно. Кога Пет ќе ја запознае Тифани (Џенифер Лоренс), мистериозна девојка со многу сопствени проблеми, работите се компликуваат.

На репертоарот ќе се најде и филмот Hitchcock (Хичкок) посветен на култниот режисер Алфред Хичкок и неговата сопруга. Познатиот режисер, има и скриена страна – креативно експлозивна романса со силна жена и филмски соработник, Алма Ревил. Ова е приказна за нивната заносна и комплексна љубовна приказна, прикажана низ една од нивните најпредизвикувачки филмски авантури – снимањето на страшниот трилер Psycho (Психо) кој ќе стане најконтроверзниот филм на овој режисер. По неговото снимањето се се промени во филмската индустрија – но малкумина се тие што знаат дека за тоа се одговорни двајца луѓе.

Црната криминалистичка драма на режисерот Ален Хјуџис, насловена Broken City (Уништен град), од четврток во Cineplexx. Детективот Били Тагарт (Марк Вахлберг) е најмен од страна на корумпираниот политичар (Расел Кроу) да ја следи неговата неверна жена (Кетрин Зета Џонс), но при тоа тој се вовлекува во скандал од најголеми размери.

За љубителите на делото на креативниот гениј Тим Бартон ни пристигнува филмот Frankenweenie (Моето најмило чудовиште 3D). Трогателна приказна за момчето и неговиот пес. Кога изненадно ќе го изгуби својот сакан пес Спарки, младиот Виктор со помош на науката ќе успее да го оживее својот најдобар пријател – со само неколку мали промени. Ќе се обиде да ја сокрие својата рачно изработена креација, но кога Спарки ќе побегне, викторовите школски другари, наставници и целиот град ќе сфатат дека новиот „повторно вратениот живот“ може да биде монструозен. „Stop motion“ анимираниот филм, „Моето најмило чудовиште“ ќе биде црно-бел и во 3D кој ќе ја издигне оваа класична приказна на потполно ново ниво.

Објавено од admin на 27 February 2013, 13:19