Утре две нови премиери во Cineplexx

Утре две нови премиери во Cineplexx

Кога пензионираниот платен убиец, ќе биде принуден да се врати во акција поради бруталниот руски мафијаш, тој немилосрдно ќе се впушти во лов на својот противник. Неговата непопустливост е легендарна во светот на подземјето, а ние ќе сведочиме за неа во филмот „Џон Вик“, приказна за одмаздата и искупување.

По изненадната смрт на неговата жена, Џон Вик (Киану Ривс) го добива нејзиниот последен подарок – кученцето Дејзи и порака во која го моли да не заборави како е да бидеш сакан. Неговото оплакување завршува во моментот кога неговиот Мустанг од 1969 година му го привлекува вниманието на садистичкиот криминалец Џосеф Тарасов (Алфи Ален). Кога Џон ќе одбие да му го продаде автомобилот, Џозеф и неговите помошници насилно влегуваат во неговиот дом, го крадат автомобилот, го убиваат кучето и го претепуваат Џон. Но, не знаат дека го пробудиле еден од најбруталните убијци некогаш виден во светот на подземјето.

Оваа кино недела ќе ја погледнеме и комедија „Кажи кога“. Кира Најтли не воведува во нејзиниот навидум проблематичен живот.

Наоѓајќи се сред тинејџерска животна криза, Меган (Кира Најтли) паничи кога нејзиното момче и предлага брак. Таа одлучува да побегне од дома на една недела криејќи се во куќата на нејзината нова пријателка, 16-годишната Аника (Клои Грејс Морец), која живее со својот татко.

Објавено од admin на 3 December 2014, 12:23