Романот It на Стивен Кинг ке добие филмска адаптација

Романот It на Стивен Кинг ке добие филмска адаптација

Warner Brothers го најми режисерот Кари Фукунага (Sin Hombre. Jane Eyre) да ја режија новата адаптација на познатионт роман на Стивен Кинг It, во кој приказната се врти околу кловнот Пенивајс. Романот е многу долг, па така и мини-серијата која се емитуваше во 1990 година изостави многу делови од приказната. Поради ова, најдобриот дел од веста е дека, најверојатно, филмот ќе има два дела, со цел да се остави доволно простор да се раскаже целата приказна. Со оглед на тоа дека се работи за типична хорор приказна, уште една позитивна вест е и дека филмот најверојатно ќе добие сертификат “R” (забранет за лица под 17 години).

Фукунага го напиша и сценариото, заедно со Чејс Палмер, додека продуценти се Ден Лин, Рој Ли и Сет-Грахам Смит. Warner Brothers ги откупи правата уште во 2009 година, меѓутоа ова е прва официјална вест за филмот што сме ја добиле до сега. Се на се, изгледа дека адаптацијата оди во права насока. Очекувајте во наредниот период ннформации за актерската екипа, како и датум на старт на продукцијата.

Објавено од admin на 17 September 2008, 17:08