Crimson Peak: нештата во куќата стануваат пострашни

Crimson Peak: нештата во куќата стануваат пострашни

Crimson Peak, готската романса на Гиљермо дел Торо станува се пострашна со секој нареден објавен трејлер, а тоа не е исклучок за последниот. Последниот трејлер за хоророт на мексиканскиот режисер го поставува тонот на конекцијата меѓу главните ликови, а и тоа за што е способна самата куќа во која тие се наоѓаат.

crimson_peak2

Миа Васиковска ја толкува главната улога во Crimson Peak, а во него таа ќе биде Едит Кушин млада жена која по стапувањето во брак, со постариот Томас Шарпи (Том Хиделсон) ќе се пресели во семејната куќа. Во неа живее и нејзината золва Лусил Шарпи (Џесика Частејн), но по нејзиното пристигнување таа ќе забележи дека луѓето во неа не се тоа што се претставуваа, а исто така и самата куќа.

crimson-peak3

Дел Торо го напиша сценариото во соработка со Метју Робинс и Лусинда Коксон, а во споредна улога ќе имаме можност да го видиме и Чарли Ханам, англискиот актер кој веќе соработуваше со режисерот на Pacific Rim.

Премиерата ќе можеме да ја очекуваме на 16-ти октомври оваа година.
Погледнете.

Објавено од admin .f24 на 14 May 2015, 07:39