Да, тоа е Тилда Свинтон!

Да, тоа е Тилда Свинтон!

Тилда Свинтон е препознатлива по широкиот спектар на улоги кои ги одбира, но и способноста да се трансформира во нив како „камелеон“.

Па затоа Оскаровката беше забележана на сетот на Suspiria во Берлин како го снима римејкот на култниот хорор од 70-те, но, сега таа беше трансформирана во старец. Облечена во машка облека и со дебели рамки од наочари и сива перика, Тилда беше речиси непрепознатлива на сетот на новиот филм.

tilda4

Станува збор за римејк на италијантскиот хорор филм од 1977-ма година Suspiria, а покрај неа во доминантно женската актерска екипа ќе ги видиме и актерките Дакота Џонсон, Клои Грејс Мориц, Миа Гот, но и Џесика Харпер, актерката од оригиналниот филм.

Зад камерата застана Лука Гуадаџино, но за сега нема одредено дата за премиерата. Погледнете ја Тилда во Suspiria:

tilda

tilda2

tilda3

tilda5

tilda6

tilda7

Објавено од admin на 6 March 2017, 08:35