Доминик Купер ќе глуми во новиот Дракула

Доминик Купер ќе глуми во новиот Дракула

Откако му помогна на Линколн да стане убиец на вампири во минатогодишниот Abraham Lincoln: Vampire Hunter, актерот Доминик Купер повторно се враќа на овој под-жанр на хоророт со филмот Dracula. Неодамна беше објавено дека Лук Еванс, негатевецот во претстојниот Fast & Furious 6, ќе ја толкува главната улога во овој филм, додека која улога ќе ја толкува Купер сеуште не е познато.

Приказната во филмот ќе се фокусира на настанувањето на митот за Дракула, односно ќе го прати Принцот Влад од Трансилванија и неговата жена и дете кои се во опасност од немилосрдниот султан. Тој ќе ја ризикува сопствената душа за да ги спаси, а воедно од тој момент започнува и приказната за првиот вампир, Дракула.

Режисер на филмот ќе биде Гери Купер, додека сценариото го напишаа Мет Сазама и Бурк Шарплес. Снимањето се очекува да започне наесен, додека филмот најверојатно ќе се појави во кино салите следната година.

Објавено од admin на 9 May 2013, 11:27