It Follows – раниот фаворит за хорор филм за 2015 година

It Follows – раниот фаворит за хорор филм за 2015 година

Можеби досега сте слушнале за инди хоророт It Follows. Доколку сте слушнале, најверојатно вестите и критиките биле позитивни. Овој проект на режисерот Дејвид Роберт Мичел речиси 10 месеци се прикажува на фестивалите (Кански, Карлови Вари, Торонто, Лондон, Санденс) во разни земји и секаде добива одлични критики и овации од публиката.

Филмот на 13-ти март започна да се прикажува во САД и заработи над 160.000 долари во само четири кино сали. Ова е најдобро отворање за хорор филм (кој се прикажува во лимитиран број на кино сали), по Paranormal Activity од 2007 година.

Поради ова продуцентите и дистрибутерот Radius одлучија да го зголемат бројот на салите во кои се прикажува почнувајќи од овој петок. Од оригиналните 4 бројот на салите ќе се зголеми на 1.200. Очекувајте овој наслов да се појави во Топ 10 во понеделник наутро.

Инаку It Follows се фокусира на Џеј (Маика Монро), млада тинејџерка, која по необична “сексуална средба” е прогонувана од кошмарни визии и чувство дека нешто ја прати во сенките.

Погледнете го и трејлерот за филмот.

Објавено од admin на 27 March 2015, 10:03