Морничав трејлер за хоророт In Fear

Морничав трејлер за хоророт In Fear

Денеска го имаме трејлерот за новиот британски хорор-трилер, кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Санденс. Во главните улоги се појавуваат Алис Енглерт, Иан Де Каестекер иАлен Лич, додека режисер на филмот е Џереми Ловеринг.

Синопсис: Заробени во лавиринт на патишта во руралните предели на Англија, Том и Луси се тероризирани од страна на невидена сила, која ги користи нивните најголеми стравови. На крајот, сваќаат дека злото е многу блиску – во нивната кола.

In Fear ќе се појави во кино салите на 30-ти август.

Објавено од admin на 29 April 2013, 10:33