Најдобрите 20 филмски хорор саундтраци за одлична Halloween ноќ

Најдобрите 20 филмски хорор саундтраци за одлична Halloween ноќ

Има само неколку работи кои можат на еден одличен хорор филм да му донесат иконски статус: оригинален и тензичен концепт, сериски убиец за кој вреди да се гради франшиза и неверојатни ефекти кои може буквално да ве фрлат од вашето столче.

Но еден од најважните елементи во секој филм, особено во хорор жанрот, елемент кој неможе да се види на постер, кој неможе да се долови со обичен трејлер и кој никогаш не е маркетинг алатка но е секогаш душа на филмот е неговиот амбиент. Секогаш неразделно сврзан со музиката и нејзината компактност низ целиот филм од неговиот сам почеток, низ незаборавни музички теми и аудио ефекти потенцирани кога најмногу треба а најмалку се очекува па се до неговиот крај е тоа што од едно просечно филмско сценарио може да направат вистински незаборавен терор и кошмар од вашиот ноќ. Речиси секој модерен хорор филм гледан без звук е ништо повеќе од обична комедија.

Имајки го ова во предвид Collider направи селекција на дваесетина највпечатливи музички филмски остварување на некои од најголемите музики великани кои го преживеаа тестот на времето и сеуште со ист интезитет будат внатрешен немир и морници по цело тело. Од Џејмс Хорнер, Мајк Олдфилд и Филип Глас, преку Collider и Филм24 до вас за прекрасен овогодишен Hallowen:

Hallraiser – Кристофер Јанг

Hallowen (1978) – Џон Карпентер

City of the Living Dead – Фабио Фрици

Suspiria – Гоблин

Candyman – Филип Глас

The Exorcist – Мајк Олдфилд 

Daughters of Darkness – Франсоа Де Рубуа

The Wicker Man – Пол Џиовани, Магнет

Nightmare before Christmas – Дени Елфман

Halloween 3 – Џон Карпентер, Алан Ховарт

The Shining – Венди Карлос, Рејчел Елкинд (Кристоф Пендерецки)

Videodrome – Хауард  Шор

Silent Hill – Џеф Дана, Акира Јамаока

Slumber Party Massacre – Ралф Џонс

Psycho – Бернард Херман

Wolfen – Џејмс Хорнер

Saw – Чарли Клоузер

It Follows – Disasterpeace 

Resident Evil – Марко Белтрами, Мерлин Менсон

Scream – Марко Белтрами

Објавено од Мартин Чалакоски на 31 October 2015, 19:19