Прв трејлер за новиот Paranormal Activity хорор, The Ghost Dimension

Прв трејлер за новиот Paranormal Activity хорор, The Ghost Dimension

Paramount Pictures денеска го објави првиот трејлер за новото продолжение од Paranormal Activity франшизата, овојпат насловено The Ghost Dimension, во кој се појавуваат многу нови карактери, а сите тие на некој начин се поврзани со Кејти и Кристи. Сеуште нема детали за приказната.

Во главните улоги ќе ги видиме Нејтан Бруер и Џеј Херон, Режијата е на Грегори Плоткин, а сценариото го напишаа Гавин Хеферман и Адам Робител. Продуцент е Џејсон Блум, преку наговата продукциска куќа Blumhouse Productions.

Да се надеваме дека The Ghost Dimension, кое воедно ќе биде и последно продолжение на оваа хорор франшиза, ќе не импресионира. по разочарувачкиот The Marked Ones.

Премиерата е закажана за 23-ти октомври.

Објавено од admin на 24 June 2015, 10:16