Првиот трејлер за “изгубениот” хорор Area 51 пристигна

Првиот трејлер за “изгубениот” хорор Area 51 пристигна

Режисерот Орен Пели во 2009 година се прослави со огромниот хит Paranormal Activity. Кон крајот на истата година тој започна со снимање на нов “found footage” проект, наречен Area 51, кој се фокусираше на тројца НЛО ентузијасти кои настојуваат да ги одгатнат мистериите на тајната воена база во Невада.

Филмот повеќе од пет години чекаше датум на премиера, а денеска конечно студиото Paramount го објави првиот трејлер, заедно со датумот на премиера (15-ти мај).

Сценариото го напиша режисерот Пели, заедно со Кристофер Денам. Во главните улоги ќе се појават Сандра Стагс, Рој Абрамсон, Џенифер Лудвигсен и Глен Кемпбел.

Објавено од admin на 25 April 2015, 08:29