RAW најнов трејлер: најдобриот хорор за 2017-та?

RAW најнов трејлер: најдобриот хорор за 2017-та?

Голем дел од американските медиуми го нарекоа RAW најдобриот хорор филм на годината, а тоа е затоа што веќе привлече големо внимание, но и добри критики на фестивалите изминатата година.

raw-movie

Кино премиерата на филмот режиран и напишан од Џулија Докурнау ќе се случи претстојнава пролет, а главната улога ја толкува Гаранс Малиер. Таа ќе биде Џастин. Студент по ветерина и вегетаријанец која откако ќе проба парче месо тоа ќе започне да расте во нејзиното тело и да предизвикува непријатни ситуации.

Во останатите улоги ќе ги видиме и Ела Румф, Лорент Лукас, Жан Луис Сибил, а премиерата е закажана за 10-ти март, оваа година.

Погледнете го red band трејлерот за Raw.

Објавено од admin на 13 January 2017, 10:03