Трејлерот на It е тука да ве исплаши

Трејлерот на It е тука да ве исплаши

По долгото очекување на првиот официјален трејлер за It, фановите на култната новела од Стивен Кинг оваа година ќе дочекаат и најнова адаптација.

bill_it

Во улогата на страшниот кловн Pennywise The Dancing Clown ќе имаме можност да го видиме шведскиот актер Бил Скарсгард. Истата таа улога во мини серијата It од 1990-та година, ја толкуваше одличниот Тим Кари, а зад камерата на најновата адаптација застана Андреас Мушиети.

Во филмот ќе ги видиме и Џејден Лејбхер, Софија Лилис, Фин Вулфхард, Џек Дилан Грејзер, а премиерата е закажана за 8-ми септември оваа година. Погледнете го официјалниот трејлер:

Објавено од admin на 31 March 2017, 10:07