Voice from the Stone прв трејлер: Емилија Кларк има нов проект

Voice from the Stone прв трејлер: Емилија Кларк има нов проект

Емилија Кларк минатата година ја видовме во романтичната драма Me Before You, но за оваа година таа ќе ни го претстави психолошкиот хорор Voice from the Stone.

voice-from-the-stone-emilia-clarke-450x600

Сместен во Тоскана, Италија во 50-те години на 20-от век, Voice from the Stone ќе ја раскаже пирказната за Верена (Емилија Кларк). Млада гувернанта која ќе пристигне во семејната куќа на Класу (Мартон Скокас).

voice-from-the-stone-emilia-clarke-image-7-600x450

voice-from-the-stone-emilia-clarke-image-2-600x450

Таа ќе добие задача да му помогне на малечкиот Џејкоб (Едвард Џорџ Дринг) да започне да комуницира со лицата околу него. Тој откако останал нем по траумата од смртта на мајка си, но задачата на Верена нема да биде ни најмалку лесна. „Гласот во каменот“ ќе направи таа да биде уште потешка.

voice-from-the-stone-emilia-clarke-image-3-600x450

voice-from-the-stone-emilia-clarke-image-5-450x600

Ендру Шо го напиша сценариото, откако го адаптираше од истоимената книга на Силвио Рафо, а за режијата на Voice from the Stone се погрижи Ерик Д. Хоувел.
Премиерата на Voice from the Stone е закажана за 28-ми април, а ова е првиот трејлер.

Објавено од admin на 16 March 2017, 07:00