Адам Сендлер во нова романтична комедија

Адам Сендлер во нова романтична комедија

Познатиот актер Адам Сендлер потпиша да глуми во нова романтична комедија, засега со работен наслов Blended. Студиото Warner Brothers ќе го продуцира филмот, во чиј фокус е приказната за дечко и девојка кои имаат катастрофален прв состанок и случајно заглавуваат во фамилијарен ресорт. Ситуацијата дополнително ќе се искомпликува кога ќе се појават нивните децата, од претходните бракови.

Сандра Булок беше во преговори да ја толкува главната женска улога, меѓутоа, по се изгледа Дру Баримор ќе го завземе нејзиното место. Ова ќе биде трет заеднички проект за Баримор и Сандлер, по одличните The Wedding Singer и 50 First Dates.

Следен проект на Сандлер требаше да биде вестерн-комедијата The Ridiculous 6, меѓутоа тој одлучи прво да го сними овој филм. Проектот сеуште нема режисер, како и закажан датум за почеток на снимањето. Да се надеваме дека по серијатата разочарувања (Jack and Jill, That’s My Boy, Funny People), конечно ќе добиеме вистински хит од Сандлер, во стилот на Big Daddy, Little Nicky и The Waterboy.

Објавено од admin на 22 February 2013, 12:56