Бил Мари во својот нов проект

Бил Мари во својот нов проект

Бил Мари, во најновиот филм на режисерот Бери Левинсон ќе глуми истрошен менаџер на рок ѕвезди далеку после своето време чија среќа и слава оддамна го напуштиле неговиот пат. Hollywood Reporter ја објави првата слика од култната легенда во овој нов интригантен проект со наслов Rock the Kasbah.

billmurray_closeup_rockthekasbah_threxclusive

Со музичката индустрија во својата срж, филмот доловува менаџер (Бил Мари) во последен обид на оживување на својата кариера. Додека го припратува својот преостанат клиент на турнеја низ Авганистан по несреќен сплет на околности останува без клиент, пари и пасош во Кабул, па излез од оваа непосакувана и крајно незгодна ситуација наоѓа во една тинејџерка со неверојатен глас (Зои Дешанел) на која и ги нуди своите услуги и ја води низ авганистанската верзија на American Idol.

kasbah-cast

Бери Левинсон (Rain Man, Wag the Dog) го режира филмот по сценарио на Мич Глејзер (Scrooged, The Great Expectation) и покрај Бил и Зои во филмот е инволвирана плејада на феноменални актери и актерки меѓу кои и Брус Вилис, Кејт Хадсон, Шај Лебеф и Дени МекБрајд.

moonrise_kingdom-648x352

По Moonrise Kingdom можеме само со нетрпение да ја чекаме премиерата закажана за 23-ти октомври, кога ќе можеме да ги видиме повторно заедно двете можеби најголеми филмски легенди на американското поднебје.

Објавено од Мартин Чалакоски на 14 May 2015, 08:12