Били Боб Торнтон и Алфред Молина се приклучија во новата комедија на Тина Феј

Били Боб Торнтон и Алфред Молина се приклучија во новата комедија на Тина Феј

Били Боб Торнтон и Алфред Молина се новите додатоци во актерскта екипа на сеуште неименуваниот филм продуциран од Парамаунт со Тина Феј и Марго Роби.

Мартин Фримен, Николас Браун, Кристофер Абот, Шила Ванд, Стивен Пикок се останатите имиња, каде што Глен Фикара и Џон Рекуа се режисерите.

Базирана на мемоарот на Ким Баркер The Taliban Shuffle: Strange Days in Afghanistan and Pakistan, филмот ќе ги прикаже Баркеровите години како новинар  во Авганистан и Пакистан откако пристигнал во регионот во 2002. Филмот моментално се снима во Њу Мексико.

Торнтон, кој неодамна се здоби со Златен Глобус за неговата улога во Фарго, последен пат е забележан во The Judge. Потоа можеме да го гледаме во Entourage и Our Brand Is Crisis, наспроти Сандра Булок.

Молина последен пат го гледавме во Love Is Strange, и драмата на Ел Реј мрежата Matador.

Објавено од Мартин Чалакоски на 12 February 2015, 10:42