Hidden Figures: Трите дами кои биле „тајното оружје“ на НАСА

Hidden Figures: Трите дами кои биле „тајното оружје“ на НАСА

Холивуд обожава да снима биографски филмови, и тие се најголемите фаворити за трката по награди во овој град.

Но веќе на почетокот на следната 2017-та година 20th Century Fox ќе ни го прикаже Hidden Figures, биографскиот филм за три генијални и брилијантни дами.

hiden3

hiden

Hidden Figures ќе ја раскаже приказната за Кетрин Џенкинс (Тараџи П. Хенсен), Дороти Вон (Октавија Спенсер) и Мери Џексон (Џанел Моне). Три математичарки кои биле најмени од страна на НАСА да решат комплексен проблем пред најновата мисија во Вселената. Благодарение на нивните калкулации, астронаутот Џон Глен станал првиот американски астронаут кој направил успешна соло ротација околу Земјата и безбедно се вратил дома.

hiden5

Покрај трите актерки во филмот на Теодор Мелфи ќе ги видиме и фантастичните Кевин Костнер, Кипстен Данст, Џим Парсонс и Мехершала Али.

Премиерата на Hidden Figures е закажана за 13-ти јануари, следната година, а ова е првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 16 August 2016, 08:57