Јас сум Крис Фарли….

Јас сум Крис Фарли….

Се сеќавате ли на урнебесниот Крис Фарли? Легендарниот комичен актер од 90-те години на минатиот век?

Ѕвездата на Saturday Night Live и на филмовите како Wayne’s World 2, Tommy Boy, Black Sheep, Beverly Hills Ninja почина во 1997-ма година од предозирање со дрога на возраст од само 33 години.

Chris-Farley

Но, сега по речиси 18 години од неговата предвремена смрт, пристигнува и документарниот филм за неговиот живот и кариера, соодветно насловен I Am Chris Farley.

chris2

Во него покрај роднините и пријателите ќе земат учество и неговите колеги со кои тој соработуваше во 7-те години поминати во Холивуд. Адам Сендлер, Моли Шенон, Дејвид Спејд, Мајк Маерс, Боб Одерник, Крис Рок се само дел од неговите колеги кои имаа нешто да кажат за Крис во документарецот на Брент Фоџ, а додека ја очекуваме премиерата (на 1-ви август) погледнете го и првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 30 June 2015, 09:26