Леброн по стапките на Џордан

Леброн по стапките на Џордан

Долго најавуваното продолжение на култната live action спортска комедија Space Jam конечно добива „облик“. Вториот дел на филмот од 1996-та година конечно доби 3-ца сценаристи кои ќе го напишат сценариото, продуценти и ѕвезда која ќе глуми во филмот (наместо Мајкл Џордан). А и можен режисер.

lebron

Ендру Доџ, Алфредо Ботело и Вили Еберсол ќе го напишат сценариото на Space Jam 2. Џастин Лин (режисерот на The Fast & Furious 6) е во преговори да го режира филмот, но на местото на Џордан овој пат ќе го видиме кошаркарот на Кливлен Кавелиерс, Леброн Џејмс.

Кошаркарот според американските медиуми е охрабрен, по неговиот перформанс минатата година во комедијата Trainwreck и прифатил да биде дел од екипата. Исто така Бен Стилер и Џастин Тероу се јавуваат како 2-ца од продуцентите. Space Jam во 1996-та година заработи над 200 милиони долари на бокс офисот.

jordan

Објавено од admin .f24 на 4 May 2016, 07:40