Neighbors 2: Sorority Rising

Neighbors 2: Sorority Rising

Neighbors беше изненадувачкиот хит на летото 2014-та. Доби солидни критики, а на буџет од 18 милиони долари, заработи 270. Според информациите на IMDB, дури Роген и Ефрон прифатиле помали плати за да соберат доволно пари за буџетот на првиот дел. По 2 години,  со малку зголемен буџет (35 милиони долари) и зголемен број на сценаристи, пристигна и продолжението. Neighbors 2: Sorority Rising.

Neighbors-2

Сега Мек (Сет Роген) и Кели Реднер (Роуз Брн) се подготвуваат за селење. Во очекување на второто дете, двајцата купиле нова куќа во (мирното) предградие, и се подготвуваат да ја продадат постоечката во која моментално живеат. Но, бидејќи направиле зделка со купците за 30 дневен депозит и можност тие да се предомислат, Мек и Кели ќе мора да направат се за да ја продадат или ќе „заглават“ со хипотеки и 2 куќи. Сепак, нивниот план ќе се искомплицира кога во куќата до нив ќе ја изнајмат Шелби (Клои Грејс Мориц), Бет (Кирси Клемонс) и Нора (Бини Фелдтејн). Три студентки на кои им е преку глава од забавите на братствата, а и конвенционалноста на сестринствата околу нив. Тие сакаат да направат малку поинакво и позабавно сестринство, а помошта во тоа ќе стигне токму од Теди (Зек Ефрон).

Neighbors-25

Најголемиот дел на продолженија, често паѓаат на испитот на мегаломанија. Најчесто имаат преголема актерска екипа, екстраваганција во продукцијата, се создаваат само за профит, и се носени на носталгијата на првиот дел. Можеби последните нешта две се точни за Neighbors 2: Sorority Rising но, филмот сака да биде многу повеќе а не успева ниту малку во тоа. Започнува со добри намери. Петте (машки) сценаристи уште во воведната сцена не запознаваат со ужасниот и мачен дел на утринската мачнина кај бремените жени, а и првичниот мотив на Шелби и на останатите девојки за оформување на сестинството е водено од бунт. Тој кон веќе постоечките правила и догми на студентскиот живот во САД. Сценаристите дури „уфрлиле“ и доза на феминистички под-тонови во нивната одлука но, како одминува дејствието сфаќаме дека сценаристите немаат претстава што подразбира феминизмот. Девојките се претставени како издогирани празноглави кукли без карактер а такви остануваат до крајот. Филмот е или пародија на сестринствата во САД (пракса која ја имаат универзитетите во САД), или пак екстремно реална и загрижувачка слика за студентите во САД.

Neighbors-23

И без разлика на еклектичните „нови“ лица во актерската екипа, Neighbors 2: Sorority Rising е носен на „рамената“ на старите и добро познати Роген, Берн и Ефрон. Триото повторно прикажува фантастична хемија и во продолжението и покрај тоа што има репетиција во хуморот, усиленост во моментите на драма а и самиот филм го губи темпото во повеќе наврати. Роген и Брн со повторно одлични, но по втор пат вистинската ѕвезда на филмот е Зек Ефрон. Мило ми е што сценаристите посветиле време и на нивните ликови и тука. Гледаме дека Мек и Кели и покрај тоа што ќе станат родители на 2-ро дете уште се тотално збунети и несигурни во родителството (а и во живеењето меѓу возрасните искрено), но Теди е тој кој ќе побуди емпатија кај многу на таа возраст. Теди е секој дваесет и нешто возрасен човек по факултет. Без многу цели и одлуки за тоа каде сака да се движи неговата професија а и приватен живот. Видно шокиран (па дури и вознемирен) кога сите околу него „пораснале“, Теди сега во Neighbors 2: Sorority Rising има криза на идентитетот, и тоа е можеби една од најреалните теми кои ни се претставени во филмот.

Neighbors-22

Сепак, најголемото разочарување во поглед на глумата можеби доаѓа од Клои Грјес Мориц. Една од најталентираните млади актерки на нејзината генерација едноставно не е заинтересирана да прикаже нешто повеќе во улогата на Шелби. Не ја обвинувам иксрено, улогата кој ја глуми е тотално незаинтересирана за нешто повеќе, па недостатокот на напор во перформансот е видлив. Оигчледен но, разбирлив кога ќе се погледне филмот.  Во мали но, фантастични улоги можеме да ги видиме и ветераните (меѓу актерската екипа да тие се ветерани) Келси Грамер како таткото на Шелби и Лиса Кудроу како деканот на факултетот, но екстремно мала (камео улога) минутажа. недоволна за комични актери од нивниот калибар.

Neighbors-24

Neighbors 2: Sorority Rising како и голем дел од ликовите е неиспиративен и разочарувачки во премисата, (спореден со претходникот), но може да понуди моменти на хумор кој го очекуваме од филм на Сет Роген.

С. Лазаревска

Објавено од admin .f24 на 25 May 2016, 18:02