Neighbors 2: Sorority Rising – сестринството е новиот непријател

Neighbors 2: Sorority Rising – сестринството е новиот непријател

Второто продолжение на Neighbors 2: Sorority Rising, комедијата од 2014-та година, оваа недела продолжи со продукцијата во Лос Анџелес, а за прв пат во екипата се придружи и Клои Грејс Морец.

Актерката беше забележана на сетот во Лос Анџелес облечена во бикини, а нејзиниот лик во продолжението ќе биде само првиот од двата нови ликови во Neighbors 2: Sorority Rising. Клои ќе ја портретира една од двете студентки (втората е Селена Гомез) членови на сестринство од локалниот факултет. Двете ќе станат „новите соседи“ на парот Мак и Кели Реднер (Роуз Брн и Сет Роген), а со нив ќе донесат нови проблеми.

neighbors4

Девојките заедно со остатокот од сестринството ќе се доселат до парот кој сега очекува принова, и тие ќе бидат приморани да побараат помош од Теди и Пит (Зек Ефрон и Дејв Франко) за тоа како да ги избркаат.

Повторно зад камерата застана режисерот Николас Столер, а премиерата е закажана за 20-ти мај, следната година.

Погледнете како тече снимањето во Лос Анџелес.

neighbors

neighbors5

neighbors2

neighbors3

neighbors6

neighbors7

Објавено од admin .f24 на 29 October 2015, 09:12