Нов трејлер за комедијата Vacation

Нов трејлер за комедијата Vacation

Денеска го имаме вториот трејлер за Vacation, комедија која е квази-продолжение на National Lampoon’s Vacation, култната комедија со Чеви Чејс од 1983 година. Во главните улоги ќе се појават Ед Хелмс, Кристина Еплгејт, Крис Хемсворт, Лесли Ман и ветеранот Чеви Чејс.

Продолжението продолжува три декади подоцна, а сега Расти Гринволд има своја фамилија со која планира одмор во забавниот парк Вали Ворлд. Се разбира, работите ќе се искомплицираат и одморот за Расти полека се претвора за кошмар.

Режијата и сценариото се на дуото Џон Френцис Дејли и Џонатан Голдстин (Horrible Bosses). Премиерата е закажана за 31-ви јули.

Објавено од admin на 4 June 2015, 08:08