Париз може да почека

Париз може да почека

Од филсмката фамилија Копола секако најпознати члениви се Френсис Форд Копола, Софија Копола, Талија Шајер, Роман Копола, Николас Кејџ, Џејсон Шварцман. Сепак талент за режија до сега прикажуваше и Еленор Копола, сопругата на Френсис Форд Копола, па затоа сега на 80-годишна возраст Еленор ни го претставува најновото дело, Paris Can Wait.

paris

Романтична комедија која таа ја режираше, напиша и ко-продуцираше, а која ќе има премиера следниот месец. Дајан Лејн ја толкува улога на Ен. Мажена жена која неочекувано ќе се најде на пат од Кан до Париз со бизнис партнерот на нејзиниот сопруг.

paris2

Во филмот ќе ги видиме и Арно Виард и Алек Болдвин, а филмот веќе минатата година беше прикажан и на Филмскиот фестивал во Торонто. Премиерата на Paris Can Wait е закажана за 12-ти мај, а ова е првиот официјален трејлер:

Објавено од admin на 3 April 2017, 07:40