Питер и Ели „мислат дека се сами сега“

Питер и Ели „мислат дека се сами сега“

Премиерата на 7-та сезона на култната серија Game Of Thrones е закажана за месец јули, но еден од најсаканите актери во неа, Питер Динклиџ е зафатен со продукцијата на I Think We’re Alone Now.

Станува збор за пост-апокалиптична комедија во режија на Рид Морано во која за партнерка ќе ја има помладата колешка Ели Фенинг. I Think We’re Alone Now моментално се снима на повеќе локации низ Њујорк, а папараци фотографите ги забележаа Питер и Ели на отворениот сет во Њујорк.

elle6

Питер во I Think We’re Alone Now ќе биде Дел. Човек кој по апокалипсата ќе помисли дека е единствениот преживеан во градот (и државата, па и светот), се додека не ја пронајде Грејс (Ели Фенинг). Двајцата ќе се обидат да ги преживеат тешките времиња со многу хумор, а и покрај тоа што останатите актери  не се соопштени, познато е дека за сценариото се погижи Мајк Маковски.

elle5

Премиерата е закажана за следната година, а ова се Питер и Ели на сетот во Њујорк:

elle4

elle2

elle3

elle

Објавено од admin на 27 April 2017, 09:25