Прв клип од третиот дел на The Hangover

Прв клип од третиот дел на The Hangover

Warner Brothers денеска го објави првиот клип за третиот дел на The Hangover. Во најновото продолжение екипата од првите два дела ќе тргне во Тихуана, Мексико, во обид да го спаси нивниот проблематичен пријател Алан, кој е однесен во ментална болница.

Режисер на третиот дел е повторно Тод Филипс (Due Date, Old School). Тој го напиша и сценариото, заедно со Крег Мазин. Во главните улоги се појавуваат: Бредли Купер, Ед Хелмс, Зак Галифинакис, Хедер Грахам, Џејми Ченг и Гилиам Вигман.

The Hangover III ќе започне да се прикажува во Cineplexx од 30-ти мај.

Објавено од admin на 6 May 2013, 13:27