Прв трејлер за Sisters: забавата може да почне!

Прв трејлер за Sisters: забавата може да почне!

Тина Феј и Ејми Полер по соработката на урнебесните Mean Girls и Baby Mama повторно се здружија во нова комедија. Sisters.

sisters3

Двете комичарки и актерки во Sisters, како што кажува и самиот наслов ќе портретираат сестри кои треба да ја приредат најдобрата забава на нивните животи, пред родителите да ја продадат семејната куќа во која пораснале.

sisters2

Во филмот, покрај Ејми и Тина, ќе имаме можност да ги видиме и Маја Рудолф, Кејт Мекинон и Рејчел Дреч. Речиси сите од нив во еден период од кариерите биле дел од скеч шоуто SNL, а Кејт Мекинон уште работи на шоуто. Режисер на Sisters e Џејсон Мур, а премиерата е закажана за 18-ти декември.

Погледнете го првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 15 July 2015, 14:12