Рис е „повторно дома“

Рис е „повторно дома“

Рис Витерспун оваа година доживеа вистински успех на „малите екрани“ со Big Little Lies, хит серијата на HBO, но оваа година не само што ќе се врати на филмското платно со нов проект, тоа ќе го направи и со жанрот по кој е најмногу препознавана.

reese2

Романтичната комедија. Home Again е името на филмот кој ќе ни го претстави претстојната есен и во него Оскаровката ќе биде Алис. Мајка и сопруга која откако ќе се раздели од сопругот (Мајкл Шин) ќе се врати во родниот град, запознае група на многу помлади филмејкери и дури ќе им дозволи да престојуваат во нејзината куќа.

reese

Со таа одлука Алис ќе почне повторно да се чувствува „како тинејџерка“, но таа одлука нема да му се допадне премногу на нејзиниот наскоро екс сопруг.

reese3

Во Home Again ќе ги видиме и Пико Александар, Нет Вулф, Лејк Бел и легендата на Холивуд Кендис Берген.

Премиерата е закажана за 8-ми септември, а ова е првиот трејлер:

Објавено од admin на 15 May 2017, 07:31