Rough Night нов трејлер: Скарлет и компанија се во невоља

Rough Night нов трејлер: Скарлет и компанија се во невоља

Скарлет Јохансон оваа година веќе ја видовме во Ghost in the Shell, но за летово таа ни подготвува нов проект. Станува збор за црната комедија Rough Night.

Режисерско деби на Лусија Аниело, во Rough Night Скарлет ќе биде Џес. Една од 5 пријателки кои се ќе соберат повторно во Мајами по повод моминска вечер. Но, машкиот стрипер кој ќе го изнајмат ќе почине и тоа што ќе следи се урнбесни случки како да не бидат фатени од полицијата.

Покрај Скарлет во Rough Night ќе ги видиме и Кејт Мекинон, Џулијан Бел, Илана Глејзер и Зои Кравиц, а премиерата е закажана за 16-ти овој месец.

Пoгледнете:

Објавено од admin на 1 June 2017, 09:35