Сандра Булок и изборите во Боливија

Сандра Булок и изборите во Боливија

Сандра Булок треба да се надева на нова номинација за Оскар? Па според најновиот проект и дел од американските медиуми навистина треба да очекува нова номинација во претстојната трка за награди.

Најновиот проект на Сандра е Our Brand Is Crisis, последниот режисерски обид на Дејвид Гордон Грин. Инспириран од вистинска приказна и адаптиран од истоимениот документарен филм од 2005-та година, сега со изменети имиња на ликовите, ќе ја раскаже приказната за претседателските избори во Боливија во 2002-ра година.

our-brand-is-crisis-2

Гонзало Санчез де Лозада победил на изборите за претседател на Боливија откако ја ангажирал консултантската фирма од САД Greenberg Quinlan Rosner да му помогне во изборната трка. Сандра Булок ќе ја толкува улогата на Џејн Бодин, консултнатка на таа фирма која ќе пристигне во Боливија за да биде дел од тимот на претседателскиот кандидат, а од опозицијата таа ќе го забележи нејзиниот ривал Пет Кенди (игран од Били Боб Торнтон). Дали ќе успее да ја заврши успешно задачата и да му донесе победа на нејзиниот клиент?

our-brand-is-crisis-3

Покрај Сандра и Били Боб, во останатите улоги ќе ги видиме и Ентони Меки, Ен Доуд, Хоаким де Алмеида и Зои Каздан.

Премиерата на Our Brand Is Crisis е закажана за 30-ти октомври, а додека ја очекуваме погледнете го првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 10 September 2015, 07:52