Скарлет Јохансон во првиот трејлер за Don Jon

Скарлет Јохансон во првиот трејлер за Don Jon

Денеска го имаме првиот трејлер за филмот кој е режисерско деби на актерот Џозеф Гордон-Левит, комедијата Don Jon. Приказната го прати Џон, човек кој живее во Њу Џерси и е опседнат со три работи: девојки, теретана и многу порнографија. Меѓутоа, откако ќе ја запознае девојката од неговите соништа – Барбара Шугармен – тој ќе го смени начинот на кој гледа на сексот.

Покрај Гордон-Левит, во главните улоги се појавуваат и Скарлет Јохансон, Џулијан Мур, Тони Данза, Роб Браун и Бри Ларсон. Филмот премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал Санденс, а во кино салите ќе се појави на 18-ти октомври.

Објавено од admin на 25 May 2013, 13:15