Специјалните дописници од Еквадор… или не?

Специјалните дописници од Еквадор… или не?

Рики Џервејс по „тезгата“ за водење на церемонијата за доделување на наградите Златен Глобус во јануари оваа година, сега најавува нов урнебесен проект.

Комедија во која тој не само што ќе ја толкува главната улога, туку и која ја напиша и режираше. Special Correspondents е името, а самиот филм е римејк на Envoyés très spéciaux, француски филм од 2009-та година.

special

Во Special Correspondents Рики ќе биде Ијан Финш, радио новинар кој заедно со колегата Френк Боневил (Ерик Бана) лажно ќе известуваат од војната во Еквадор. Наместо да отидат во државата и да бидат воени дописници, тие ќе известуваат за настаните во Еквадор од стан во Њујорк, но нештата ќе се искомпликуваат кога властите ќе ги прогласат за „исчезнати“. Под притисок да не бидат откриени дека се измамници, двајцата ќе мораат да заминат за Еквадор, но лудориите за нив допрва ќе започнат.

Special Correspondents

Покрај Рики и Ерик, во Special Correspondents ќе ги видиме и Америка Ферера, Вера Фермига, Кели Мекдоналд, Бенџамин Брет и Кевин Полак, а пред да биде прикажан на Netflix, на 29-ти април, филмот ќе биде прикажан и на филмскиот фестивал во Трајбека на 22-ри април.

Погледнете го трејлерот за Special Correspondents.

Објавено од admin .f24 на 25 March 2016, 10:48