Том Хенкс е Волт Дизни во Saving Mr. Banks

Том Хенкс е Волт Дизни во Saving Mr. Banks

“Mary Poppins is not for sale.” По првата слика, која ја објавивме вчера на нашата Facebook страна, студиото Disney денеска го прикажа и трејлерот за шармантниот Saving Mr. Banks, вистинска приказна на продукцијата на мјузиклот Mary Poppins. Ема Томпсон ја глуми писателката П.И. Траверс, авторка на книгата на која е базиран познатиот мјузикл, која не е импресионирана од Лос Анџелес или пак Волт Дизни (Том Хенкс), а уште помалку заинтересирана да ги продаде правата за нејзиното сакано дело.

Во останатите улоги се појавуваат Колин Фарел, Пол Џиамати, Џејсон Швартсман, Бредли Витфорд и П.Џ. Новак. Режијата е на Џон Ли Хенкок (The Blind Side), додека сценариото го напиша Кели Марсел.

Saving Mr. Banks ќе се појави во кино салите на 13-ти декември.

Објавено од admin на 12 July 2013, 08:41