Винс Вон во трејлерот за Unfinished Business

Винс Вон во трејлерот за Unfinished Business

Денеска го имаме официјалниот трејлер за Unfinished Business, нова комедија во која главната улога ја толкува актерот Винс Вон (Wedding Crashers, The Watch, Four Christmases, Starsky & Hutch).

Во филмот тој глуми бизнисмен кој заминува на пат со цел да склучи важна зделка, меѓутоа, со него се и двајца несмасни колеги (Дејв Франко и Том Вилкинсон). Во меѓувреме, двајца вработени од конкурентна компанија (Сиена Милер и Џејмс Мардсен) ја “бркаат” исплатливата зделка.

Режијата е на Кен Скот, а сценариото го напиша Стив Конрад (The Pursuit of Happiness, The Secret Life of Walter Mitty). Unfinished Business ќе се појави во кино салите на 6-ти март, следната година.

Објавено од admin на 27 November 2014, 08:47