Во септември ќе започне со снимање Dumb and Dumber To

Во септември ќе започне со снимање Dumb and Dumber To

Џеф Даниелс, ѕвездата на Dumb and Dumber, минатата вечер беше гостин на шоуто на Џими Фалон. Таму изјави дека продолжението на познатата комедија од 1994 година, насловено Dumb and Dumber To, ќе започне со снимање во септември и дека Џим Кери ќе ја репризира неговата улога. Во вториот дел повторно ќе ги видиме двајцата пријатели Лојд и Хари, а овојпат едниот од нив ќе има дете, кое никогаш не го запознал.

За режијата повторно се враќаат браќата Питер и Боби Фарели, додека сценариото го напишаа Шон Андерс и Џон Морис. Dumb and Dumber To ќе се појави во кино салите следната година, на 20-годишнината од оригиналниот филм.

Објавено од admin на 10 July 2013, 07:46