Whiskey Tango Foxtrot: Тина и Мартин се воени дописници

Whiskey Tango Foxtrot: Тина и Мартин се воени дописници

Тина Феј овој месец ќе ни ја претстави комедијата Sisters во која повторно ќе соработува со одличната Ејми Полер. Но, комичарката и актерка за следната години го подготвува Whiskey Tango Foxtrot. Воена комедија во која таа не само што ќе ја толкува главната улога, туку се јавува и како една од продуцентите.

Whiskey Tango Foxtrot е адаптацијата на The Taliban Shuffle: Strange Days in Afghanistan and Pakistan книгата од Ким Бејкер а во филмската адаптација, актерката ќе ја толкува токму неа.

tina2

Филмот ќе ја следи кариерата на Бејлер додека била воен дописник во Афганистан и Пакистан, како и чудната врска со колегата Ијан Мекелпи (игран од Мартин Фримен).

Покрај Феј и Фримен, во останатите улоги ќе се појават и Марго Роби, Кристофер Абот, Били Боб Торнтон, Алфред Молина и Џош Чарлс. Зад камерата застанаа Џон Рекуа и Глен Фикара, а за сценариото се погрижи Роберт Карлок.

Премиерата на Whiskey Tango Foxtrot е закажана за 4-ти март, следната година, а до тогаш погледнете ги првите официјални фотографии кои беа објавени од сетот.

tina3

tina4

Објавено од admin .f24 на 2 December 2015, 09:51