Идриз е наоружан и опасен!

Идриз е наоружан и опасен!

Идриз Елба по преселбата од сетот во Ј. Африка на тој во Бруклин, Њујорк ни ги прикажа и препознатливите оружја на неговиот лик во адаптацијата на The Dark Tower, книгата од Стивен Кинг.

idrix2

Двата револвери на Роланд „револверашот“ Дешаин. Англискиот актер со револверите во рацете ги снимаше најновите сцени од The Dark Tower во Бруклин, а на самиот сет тој беше придружуван од колегата Џеки Ерл Хејли. Сцените бараа тој физички да се пресмета со ликот на Џерки Ерл Хејли.

idriz7

 

The Dark Tower ќе биде најновата филмска адаптација на книга од Стивен Кинг, а за самото сценарио но и режијата на филмот ќе се погрижи данскиот режисер Николај Арсел.
Покрај Идриз, Џеки Ерл Хејли и Метју Меконахи во The Dark Tower ќе ги видиме и Кетрин Виник, Аби Ли, Клаудија Ким и Николас Хамилтон. Премиерата на The Dark Tower е закажана за 17-ти февруари следната година, а ова се Идриз и Џеки на снимањето во Бруклин.

idriz3

idriz4

idriz5

idriz6

Објавено од admin .f24 на 13 July 2016, 10:30