Jurassic World 2 најми супер режисер

Jurassic World 2 најми супер режисер

Шпанскиот режисер Хуан Антонио Бајона е одбран да го замени Колин Тревероу во продолжението на мега успешната франшиза Jurassic World.

Веста за назначувањето да застане зад камерата на Jurassic World 2 ја потврди и самиот режисер на својот Twitter профил, а меѓу првите кои му посакаа успех беше Колин Тревероу.

bayona

Бајона, родум од Барселона, Шпанија, е еден од најталентираните европски режисери, кој имаше неверојатна среќа да се пробие во Холивуд со своето првенче во играните филмови, хоророт The Orphanage.

Подоцна Бајона на фановите им го претстави одличниот The Impossible, додека пак оваа година го очекува премиерата на авантурата A Monster Calls.

colin

Премиерата на Jurassic World 2 е закажана за 22-ри јуни, 2018-та година. Неговиот претходник веќе заработи над 1.6 милијарда долари минатата година на бокс офисот.

bayona2

Објавено од admin .f24 на 20 April 2016, 10:04