Концепт-слики од новиот Jurassic World

Концепт-слики од новиот Jurassic World

Снимањето на Jurassic World, четвртото продолжение од научно фантастичната авантура која започна во 1993 со Jurassic Park на Стивен Спилберг, треба да започне на 2-ри јуни, во Батон Руж, Луизијана. Сајтот International Business Times денеска објави две слики од концепт за филмот:

Во септември објавивме дека новиот филм ќе биде сместен на островот Исла Нублар кој е претворен во огромен забавен парк со диносауруси. Паркот функционира беспрекорно и годишно има околу 10 милиони посетители, се додека мала грешка не предизвика катастрофални последици. Двете слки погоре ги потврдуваат тоа.

Режисер на Jurassic World е Колин Тревороу, а во главните улоги ќе се појават Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Винсент Д’Онорфио, Омар Сај и Ирфан Кан.

Премиерата е закажана за 12-ти јуни, следната година.

Објавено од admin на 25 March 2014, 12:19