Лук Бесон се враќа во светот на научната фантастика

Лук Бесон се враќа во светот на научната фантастика

Лук Бесон после речиси 20тина години од официјалната премиера на The Fifth Element и се враќа на научната фантастика. Францускиот режисер кој само недамна им се приклучи на социјалните мрежи, на својот свеж твитер профил го објави првиот пост со кој го најави својот најнов филмски предизвик, епската научна фантастика насловена Valerian and the City of a Thousand Planets.

luc

 

luc 1

CE0GRC_UMAAhVs7

Филмот ке биде адаптација на Valerian, научно фантастичен стрип серијал на францускиот текстописец Пјер Кристин и артистот Жан-Клод Мезје кој претставува серија приказни за Валеријан и неговата убава, остра и брза на јазик партнерка Лаурелин, раскажана низ нивните авантури сместени во визуелно прекрасни и зачудивачки позадини, комплексни архитектонски пронајдоци, футуристични машини, пејсажи од други светови, со чудни вонземјани, производ на неизмерната креативна инвентивност на Мезје. Стрипот доловува приказни од епска пропорција и грандиозност на патување низ просторот и времето со брзини поголеми од брзината на светлината.

CE0F-IkUsAEGppp

Во главните улоги ке се појават Ден ДеХан (Chronicle) и Кара Делевињ (Anna Karenina), а филмот чие снимање и реализација треба да биде од интерес за сите Star Wars и Star Trek фанови треба да излезе во 2017та година. The Fifth Element беше прекрасен и се издигна на ниво на култ и како еден од најзабавните и уметничко најуникатните филмови на денешницата. Зашто не и сега, со Valerian и вселенските авантури низ галаксијата на француската уметност.

Објавено од Мартин Чалакоски на 13 May 2015, 07:37