Нов трејлер за научната фантастика Predestination

Нов трејлер за научната фантастика Predestination

“I’m a temporal agent. We prevent crime before it takes place.” Научно фантастичниот трилер Predestination минатиот месец беше премиерно прикажан во Австралија, премиерата во САД е закажана за почетокот на 2015, а денеска го имаме и новиот, интернационален трејлер за филмот.

Приказната се фокусира на временски агент, kој има задача да спречи криминално дело пред да се случи. Но, тој ќе направи неколку “модификации” на неговите времески патувања со цел да ја осигура неговата иднина во оваа професија.

Во главните улоги се појавуваат Итан Хоук, Ноа Тејлор, Сара Снук, Кристофер Кирби и Кејт Вулф. Режисери и сценаристи се браќата Мајкл и Питер Спириг. Predestination е базиран на истоимената новела на познатиот писател Роберт А. Хајнлајн.

Објавено од admin на 26 September 2014, 10:59