Официјален трејлер за фантастичната четворка

Официјален трејлер за фантастичната четворка

20th Century Fox и Марвел објавија целосен трејлер за најновото издание на Fantastic Four.

Во главните улоги на ова реиздание се појавуваат Мајлс Телер, Кејт Мара, Мајкл Б. Џордан и Џејми Бел, а под режисерски инструкции на Џош Тенк (Chronicle).

Untitled.0011

Телер, звездата на номинираната драма за оскар Whiplash, ќе го глуми лидерот на групата Рид Ричардс/Mr.Fantastic, додека Мара, Џордан и Бел ги завземаат улогите на Сузан Сторм/Invisible Woman, Џони Сторм/Human Torch и Бен Грим/The Thing.

Џордан претходно глумеше во Chronicle на Џош Тенк, кој заедно со Симон Кинберг и Џереми Слејтер е косценарист на овој филм на Fox, третото издание од франшизата која до сега ни ги донесе Fantastic Four во 2005 година и продолжението Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer.

Филмот својата светска премиера ке ја има на 7 август годинава.

Објавено од Мартин Чалакоски на 20 April 2015, 07:41