Првата фотка од Fantastic Beasts And Where To Find Them е тука!

Првата фотка од Fantastic Beasts And Where To Find Them е тука!

Еди Редмајн, веќе е фаворит за нова статуетка Оскар. Тој овој месец ќе ни го претстави The Danish Girl, биографскиот филм на режисерот Том Хопер, но за следната година тој ни подготвува нешто ново и комплетно различно од досегашната филмографија.

Англискиот актер ќе биде дел од Fantastic Beasts And Where To Find Them, спин оф филмот на Harry Potter франшизата, и англискиот актер како што веќе објавивме ќе ја толкува главната улога.

Еди во Fantastic Beasts And Where To Find Them ќе биде Њут Скамандер, волшебникот во тајното друштво на волшебиници, 70 години пред доаѓањето на Хари Потер во Хогвартс.

eddie

Сценариото ќе го пишува токму Џеј Кеј Ролинс, писателката на истоимената книга (а и на сите Harry Potter книги), а режијата е на Дејвид Јејтс, режисерот кој веќе режираше четири Harry Potter филмови.

Во филмот ќе се појават и Кетрин Ватерстон, Езра Милер, Колин Фарел, Рон Перлман, Ден Фогел, Саманта Мортон и оскаровецот Џон Војт.

Премиерата на Fantastic Beasts And Where To Find Them е закажана за 16-ти ноември, следната година, а како изгледа Еди во улогата на Скамандер?

Погледнете од насловната страна на Entertainment Weekly.

eddie

Објавено од admin .f24 на 5 November 2015, 08:30