Режисерот на District 9 ќе снима нов Alien

Режисерот на District 9 ќе снима нов Alien

Филмското студио 20 Century Fox склучи договор со режисерот Нил Бломкамп за нов филм од култната франшиза Alien.

Научно фантастичниот проект кој засега нема наслов е различен од Prometheus 2, кој Fox го прави со Ридли Скот. Бломкамп, кој ја држеше режисерската палка во District 9 го анализирал проектот последниве неколку месеци, но изјавил дека најверојатно нема да се случи рибут. Во главната улога требаше да се појави „ветеранот“ Сигурни Вивер. Но во средата, Бломкамп потврдил дека проектот повторно е во подем и дека официјално ова е неговиот следен филм (потврдил на Инстаграм). Нема информации дали Вивер ќе се појави во филмот. Според извори блиски до режисерот, новиот Alien се случува по продолжението на Prometheus.

Статијата е преземена од Pixel.mk.

Објавено од admin на 19 February 2015, 14:33